Skip to main content
Балкан

Тројца македонски државјани уапсени во Хрватска

02/06/2026  11:54

Тројца државјани на Северна Македонија се осомничени за оштетување на туѓ имот во областа Цавтат, соопшти хрватската полиција.

Според информациите, по добиени пријави било утврдено дека на сообраќајни знаци, патокази, корпи за отпадоци и информативна табла биле залепени налепници со кирилични натписи, поради што дел од нив ја изгубиле својата првична намена.

Полицијата истиот ден пронашла двајца од осомничените, додека третиот бил пронајден следниот ден на аеродром. Станува збор за млади лица на возраст од дваесет и три, дваесет и пет и дваесет и шест години, кои имале дозвола за престој во Хрватска.

По спроведената криминалистичка истрага, тие биле предадени на притворската единица на Полицијата во Дубровник-Неретва, а против нив е поднесена кривична пријава.