Search

Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Бутел

Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Бутел

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вечерва околу 18 часот на улицата Словенечка во скопската населба Бутел.

Во несреќата учестувале две возила, со скопски и со косовски таблички. Повредените се пренесени на Ургентниот центар.

Увидот на полицијата е во тек. Според првичните информации, на самото место интервенирала и Противпожарната бригада со 5 пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави