
Машката македонска репрезентација ја постигна и третата победа на исто толку натпревари на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје
Нашата репрезентација постигна победа од 27:25, полувреме 15:10 во дуелот со Република Српска.
На овој начин македонската селекција е на чекор до првото место во групата и пласманот во полуфиналето. По утрешниот слободен ден избраниците на селекторот Горан Кузманоски в недела од 12:30 часот ќе играат против Саудиска Арабија.
За потврда на првата позиција потребно е да освојат најмалку еден бод.

