Skip to main content
Спорт

Македонските ракометарки го освоија првото место во групата на Светското училишно првенство

24/04/2026  19:00

Женската македонска репрезентација го освои првото место во својата група во рамки на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје.

Избраничките на селекторката Даниела Новеска во дуелот од третото коло ја совладаа Словачка со убедливи 29:13, полувреме 11:7.

На тој начин со три победи и без загубен бод македонската селекција го потврди првото место во групата.

Утре е слободен ден на шампионатот, додека в недела македонскиот состав во четвртфиналето ќе игра против Бразил или Романија.