Skip to main content
Свет

Трамп следниот месец ќе биде подложен на рутински медицински преглед

01/03/2025  18:45

На американскиот претседател Доналд Трамп следниот месец ќе му биде направен рутински медицински преглед, објави неговиот лекар Шон Барбабела.

Годишниот систематски преглед на американскиот претседател ќе се изврши во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“ идниот месец, се наведува во соопштение објавено од Белата куќа.

„Датумот на неговиот преглед ќе биде јавно објавен во следните неколку недели“, изјави д-р Барбабела.