
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 во Флорида закажан за декември, но додаде дека може да присуствува ако сака.
„Тој е секако добредојден“, им рече американскиот лидер на новинарите. Сепак, Трамп истакна дека некои учесници нема да бидат среќни да го видат Путин на дводневниот самит, закажан за 14 декември.
„Доколку зависеше од мене, би бил среќен да биде тука“, додаде Трамп.
Кремљ соопшти дека се уште не е донесена одлука дали рускиот претседател ќе присуствува на самитот на Г20. Путин минатата недела по средбата со Трамп во Кина изјави дека ќе размисли дали да присуствува на форумот.
Трамп синоќа напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека би сакал Путин „да ја прекине целата воена агресија во Европа“ со цел да се постигне решение за конфликтот во Украина.


