Skip to main content
Свет

Трамп потпиша меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на војната

18/06/2026  09:16

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша Меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за прекин на војната со Иран во Версај, каде што вечераше со францускиот претседател. 

Текстот на договорот меѓу САД и Иран официјално е потпишан од претседателите на двете страни, објавија иранските државни медиуми, цитирајќи го портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Претходно, новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, објави на платформата X , повикувајќи се на двајца високи американски функционери, дека САД и Иран електронски потпишале Меморандум за разбирање за завршување на војната вечерва и дека тој стапил на сила.