Skip to main content
Свет

Трамп објави фотографија облечен како папа, пред почетокот на конклавата

03/05/2025  16:13

Неколку дена пред почетокот на конклавата, изборот за нов папа, американскиот претседател Доналд Трамп објави слика од себе облечен како папата на својата страница „Truth Social“.

MK Summit

Трамп претходно се пошегува дека е подготвен да стане нов папа, а фотомонтажата, која ја објави без придружен текст, најверојатно е создадена со вештачка интелигенција, според светските медиуми.

На сликата, Трамп како папа седи на позлатен престол, облечен во бела мантија, со митра на главата и големо златно распетие на градите.

Како да благословува, го кренал показалецот од десната рака нагоре, а на домалиот прст носи нешто слично на папски прстен.