Skip to main content
Свет

Трамп: Ќе го контролираме Ормускиот теснец и другите земји ќе ни плаќаат за тоа

13/07/2026  18:13

Доналд Трамп изјави дека САД веројатно ќе ја преземат контролата врз операциите во Ормускиот теснец и очекува другите земји финансиски да го компензираат Вашингтон за заштитата на стратешки важниот воден пат.

Тој го обвини Иран за кршење на меморандумот за разбирање што САД и Иран го постигнаа на 18 јуни.

„Имавме договор. Тие секогаш го прекршуваат. Ќе ги удриме многу силно. Веројатно ќе го управуваме теснецот“, рече Трамп.

„Ние ќе бидеме ангели чувари. Треба да бидеме платени за тоа“, додаде американскиот претседател.