Skip to main content
Македонија

Тошковски за Груби: Од ден на ден се повеќе се гледа дека осомничениот не е чист како солза

16/01/2025  22:16

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дали МВР има информации за тоа каде е екс вицепремиерот и бегалец Артан Груби.

Оперативни информации за дел од овие лица кои се опфатени со овие предистражни и истражни постапки, да имаме, и за сите оние за кои што имаме соодветни оперативни информации е стапено во контакт со надлежните служби на државите“, вели Тошковски.

Сепак, како што вели и Тошковски, официјална потврда од орган за тоа дали лицата се на нивна територија, моментално немаат.

Како што вели, од ден на ден се повеќе и повеќе излегуваат дека се лага тврдењата дека осомничените се чисти како солза и имаат приватни обврски.