Skip to main content
Македонија

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот

31/01/2026  20:11

Панче Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на дневникот на МТВ посочи дека целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот.

Министерот во овој контекст најави и уште еден проект кој ќе се имлементира во наредните денови со поддршка на македонски телеком.

„За сите овие прекршоци кои се сторуваат во рамки на толеранцијата, значи ако е забрането над 30км/ч од 30-36км/ч, ако е забрането над 50км/ч од 50-59км/ч ќе доставуваме информативна порака од страна на Министерството за внатрешни работи до секој еден граѓанин кој што ја пречекорил брзината со која што ќе им го привлечеме вниманието на граѓаните дека и покрај тоа што возат во рамки на законската толеранција која што е дозволена нема да има парична казна, односно нема да има прекршок, тие надминуваат над законски уврдената брзина со што доколку не дај боже било кој граѓанин управува моторно возило и стори сообраќаен прекршок со 55км/ч таму каде што е дозволено да се управува моторно возило максимум со 50км/ч и притоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе одговара кривично“, заклучи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.