Skip to main content
Свет

Секој втор граѓанин заболува од рак во Германија

31/01/2026  20:09

Државниот имунолошки институт „Роберт Кох“ соопшти дека речиси секој втор граѓанин на Германија ќе заболи од рак во текот на својот живот. Според податоците, кај 49% од мажите и 46% од жените се дијагностицира рак, додека секоја шеста жена и секој седми маж заболуваат пред 65-та година. Најчести се случаи на рак на простата, рак на дојка, рак на бели дробови и рак на дебело црево.