Skip to main content
Македонија

Томовски: На изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми на градоначалници

08/05/2025  20:20

На претстојните локални избори бројот на општини каде што ВМРО-ДПМНЕ  ја има локалната власт, не само што ќе се повтори, туку ќе биде и зголемен, истакна директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на партијата Ивица Томовски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Тој ја оспори веродостојноста на тврдењата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за анкети на јавното мислење и го повика јавно да ги покаже и да каже кој ги правел.

– Не покажал никакви анкети, го повикувам јавно да ги обзнани кои се тие анкети и да ги видиме, да видиме дали се од некоја меродавна институција која што може да ги даде. Но, јас ве убедувам дека не е тоа така, бидејќи доколку беше тоа така уште вчера ќе имавме протести по улиците и барање на предвремени парламентарни избори, вели Томовски.

Во контекст на локалните избори, тој ги прецизираше критериумите и филтрите кои кандидатите за градоначалници треба да ги исполнат.

– Кандидатите кај нас треба да поминат филтер, односно треба да исполнат три параметри. Првиот параметар е да поминат на анкети на јавно мислење. Се отпочнуваат постапките, ќе почнат да се прават и анкетите. Прво да видиме народот што мисли за тие кандидати бидејќи имаме потенцијални, истите кандидати, и плус имаме нови потенцијални кандидати, истакна Томовски.

Посочи дека еден од параметрите е градоначалниците да бидат поддржани од самата структура внатре во партијата.

– Вториот параметар е да ги поддржи структурата односно партиските општинските комитети месните комитети. Онаа наша база која што традиционално ја прашуваме и го креираме мислењето за потенцијални кандидати. И резултатите, оние релевантни резултати, кои што ги постигнале до сега, прецизираше Томовски.