
Американскиот глумец Том Холанд потврди дека е во брак со Зендеја по месеци исполнети со гласини дека тие двајца се венчале, поткрепени со лажни слики од вештачката интелигенција.
Ѕвездите од новите филмови „Спајдермен“ се заедно речиси 10 години, а глумицата пред неколку месеци беше видена како носи „нешто што изгледа како златен венчален прстен“, пишуваа западни медиуми. Оттогаш, двојката – која и вообичаено ретко коментира за својата врска, не се осврна на гласините за таа „тајна“ венчавка.
Сепак, 30-годишниот актер стави крај на шпекулациите за тоа дали ко-ѕвездите од „Спајдермен: Сосема нов ден“ се венчале откако откри дека неговата баба мислела дека не била поканета на церемонијата затоа што ги видела озлогласените лажни свадбени фотографии генерирани од вештачка интелигенција што кружеа на интернет.
На прашањето од списанието „Ескваер“ дали мора да испраќа слични пораки до другите членови на семејството кои се плашеле дека можеби ја пропуштиле свадбата, Том рече: „Не, затоа што сите беа таму“. Тоа е сè што ќе добиете, одговори глумецот кратко.
Холанд проговори и за својата сопруга и колешка.
– Нашата работа може да има многу стресни ситуации и навистина е убаво да се има темел на врска што ќе го издржи тестот на времето. Може да се поддржуваме еден со друг на начини на коишто само ние можеме, бидејќи само ние навистина разбираме како е да се живее овој живот, и мислам дека тоа е таков луксуз, бидејќи едноставно не разбирам како би можел да имам нешто такво со некој друг. Ја пронајдов мојата личност. Таа е мојата најдобра пријателка и јас сум најсреќен што сум со неа, но исто така никогаш не сум се чувствувал толку поддржан и безбеден. Никогаш. Точка! – истакна тој.
Холанд, исто така, се присети на своите први впечатоци за Зендеја, велејќи дека бил „супер-возбуден од можноста да работи со неа“ и да ја запознае.
– Таа ја заврши аудицијата и ја доби улогата пред дури и да ја напушти собата. Се сеќавам кога ја затвори вратата за да си замине, (продуцентката) Ејми Паскал веднаш рече: „Па, таа ја добива работата“, се присети тој.
Двојката ја чуваше својата романса во голема мера во тајност. Ја потврдија својата врска во ноември 2021 година и се свршија минатата година.
Зендеја, исто така, претходно зборуваше за лажните ВИ-слики од нивната свадба и дека „многу луѓе биле измамени од нив“, во емисијата на Џими Кимел.
– Додека само бев надвор, во вистинскиот живот, луѓето ќе речеа: „О, Боже, твоите свадбени фотографии се прекрасни“, а јас: „Душо, тие се вештачка интелигенција. Тие не се вистински“, раскажува глумицата.
По освртот на лажните фотографии, таа сепак, избегна натамошни прашања во врска со гласините за нејзиниот брак.


