Skip to main content
Хроника

Тинејџерка од БиХ џепарела низ Охрид

25/04/2026  17:09

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17 годишно лице од Босна и Херцеговина за сторено кривично дело “тешка кражба” на дрзок начин, казниво по член 236 ст.1 т.3 од КЗ. Истата заедно со уште неколку лица на 24.04.2026 година на ул. “Цар Самоил” во Охрид извршиле неколку кражби на паричници од туристи.

На лицето е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. Се работи на целосно расчистување на случајот.