
Основниот кривичен суд во Скопје ја информира јавноста за мерките шреземени против лицата опфатени во истргата за предметот „Чисто лице“ кој се однесува на нелегални медицински помагала и лекови.
„Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, обвинителството, по сослушување на осомничените, за две лица го преиначи предлогот во мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост. Од останатите девет предлози за притвор, судот уважи шест, а одби три и на овие 3 осомничени им определи мерка куќен притвор“ информираат од Судот.
Во предметот се опфатени 11 лица, а меѓу нив има и лекари како и сопственици на приватни медицински установи.
