
Седумнаесетгодишниот Никита Касап од Висконсин е во притвор. Полицијата соопшти дека ги убил мајка му и очувот како дел од поголем план кој вклучувал атентат на американскиот претседател Доналд Трамп и насилно соборување на американската влада.
Како што пренесуваат некои американски медиуми, истражителите пронашле пораки и документи во кои Касап повикува на атентат врз Трамп, револуција и спасување на белата раса од политичарите контролирани од Евреите.
На неговиот телефон биле откриени материјали поврзани со неонацистичка група, како и фотографии и упатства за правење бомби и извршување терористички напади.
ФБИ пронашле документ од три страници во кој Касап го детализирал планот за атентат. Се вели дека убиството на неговите родители било начин да се обезбедат пари и независност за да се спроведе тој план.
Во документацијата се најдоа и слики од Адолф Хитлер со натписи „Да живее Хитлер, да живее белата раса, да живее победата“.
Телото на неговата мајка Татјана Касап и очувот Доналд Мајер беа пронајдени на 11 февруари во нивниот дом со прострелни рани.
Никита Касап се соочува со девет обвиненија за кривично дело, вклучувајќи две обвиненија за убиство од прв степен и две точки за прикривање тело.