
МВР информира дека 43-годишник од тетовско село во полиција пријавил дека бил измамен од Т.Н. од селото Гајре, тетовско, за сума од 4.300 евра.
Според информациите, тој пред три години од Германија донел возило „шевролет“ кое планирал да го царини и го паркирал во гаража во Тетово.
По некое време му се јавило лицето и му понудило да го купи возилото, по што тој без нотарски договор му го дал возилото да го проба и од тогаш веќе не бил во државата.
Како што е пријавено, неговиот син неколкупати го барал Т.Н., но тој избегнувал каков било контакт со нив, ниту пак кажувал каде е возилото.
Полицијата тврди дека презема мерки за расчистување на случајот.