Skip to main content
Македонија

За викендот рекордни над 11.000 патници на ГП „Блато“

15/04/2025  18:41

Изминатиот викенд регистрирана е рекордна фреквенција на патници на граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар.

За рекордна фреквенција објавуваат и албанските медиуми, наведувајќи дека повеќе илјади албански граѓани патувале кон Дебар, каде во сабота е пазарен ден, да пазарат, но и да ги „наполнат автомобилските резеровари со дизел гориво, бидејќи таму е поевтино, но и поквалитетно“. Додаваат дека жителите на Дебар, но и други градови, патуваат во Албанија главно за туризам.

– Покрај подобрената патна инфраструктура, со изградбата на автопатот Патот на Арбр (Руга е Арбрит) со што се скрати растојанието меѓу Дебар и Тирана и сега се стигнува за еден час, протокот го зголеми и намалената цена на осигурителната полиса „зелен картон“ со важност од една година, која сега изнесува 50 евра, наспроти претходно 400 евра, оценуваат албанските медиуми.