Skip to main content
Македонија

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово

26/03/2026  17:01

Уапсени се пет лица за лажните дојави за бомби во тетовски училишта. Четири од уапсените се малолетници.

МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца. Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем.