
73-годишен кочанец е тешко повреден откако паднал од мотор.
– На 30.04.2025 во 20.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Соколарци-с.Жиганци, општина Чешиново–Облешево, мопед „хамачи“, без регистарски таблици, управуван од М.Ј.(73) од село Соколарци паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.