Skip to main content
Хроника

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

31/01/2026  20:25

На 30.01.2026 година околу 16:00 часот, во СВР Скопје била пријавена несреќа со тешки последици во кругот на објект во изградба во Ѓорче Петров.

Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал 51-годишниот Д.З. од Скопје, кој се наоѓал покрај оградата зад возилото. Тој бил удрен од возилото и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.