Skip to main content
Свет

Орбан предупредува на ризик од проширување на војната

31/01/2026  20:45

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина претставува сериозен ризик за Унгарија, посочувајќи дека европските земји, за разлика од САД, решиле да ја поддржат војната и да ѝ обезбедат целосна помош на Украина. Орбан предупреди дека порано или подоцна може да дојде до испраќање војници во Украина, наведувајќи дека веќе постојат договори меѓу Франција и Велика Британија. Според него, доколку тоа се случи, војници би можеле да бидат испратени и од Унгарија, доколку земјата има влада која не се спротивставува на одлуките од Брисел. Тој истакна дека за да се избегне вклучување во војната е потребно мудро и искусно лидерство, додавајќи дека неговата цел е Унгарија да остане надвор од конфликтот.