Не чека голема битка и нашиот одговор заедно со јавноста ќе биде уште по масовен и посилен. Протести ќе има и уште поголеми, ќе ги приклучиме од цела Македонија, ќе се организираме и пред сите институции од сабајле до вечер ќе стоиме, порача вечерва Тодор Кулаков, татко на младата Фросина, која смртно беше прегазена од Васил Јованов во Скопје.
Тој упати голема благодарност до целата јавност за поддршката.
Последно сознание, кое стигнало до нив, како што рече вечерва Кулаков во Топ тема на Сител, е дека сакаат Васил, да го претстават како да „шекнал“ од болка, а тоа е само поради фактот, подвлече, што им ги земаат телефоните и не можат да комуницираат и бараат друга институција каде да го однесат и да го бранат.
Тој најави дека ќе бара експертиза и од Машинскиот факултет и од други независни тела. Според Кулаков, брзината со која возел Васил Јованов е над 160 или 180 километри на час.
Таткото на Фросина истакна дека ќе бараат максимална казна, казна доживотен затвор.