Skip to main content
Музика

Тамата Тодевска: Се додека не снимам дует со Тијана не снимам веќе со никого!

05/05/2025  17:45

Поп пејачката Тамара Тодевска вчера на својот инстаграм профил одговараше на прашања на нејзините фанови, па некој од нив најпрво ја замоли да размисли и да сними дует со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, на што таа одговори дека токму претходниот ден зборувале за тоа.

Потоа исто така запраша за тоа кога ќе објави нова песна и дали таа ќе биде соло или дует, Тамара одговори дека има многу нови песни, но некое време ќе одмори од дуети, односно дека нема да снима повеќе дуети додека не сними дуетска песна со својата сестра Тијана.

Покрај другото пејачката на прашање од фановите исто така откри каква е здравствената состојба на нејзиниот колега и пријател, Владимир Блажев – попознат како Панчо, од дуото ДНК, со кого имаат многу заеднички песни.

“Панчо е фала му на Бога подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”, напиша таа.