Search

Tрипуновски:Жетвата на пченицата е речиси на половина, а МЗШВ се уште нема утврдено цена за откуп

Жетвата на пченицата е речиси на половина, а МЗШВ се уште нема утврдено цена за откуп. Иако законскиот рок за утврдување на цена е 10 дена пред почеток на жетва, оваа година тоа не е направено.

Имено во услови кога сме на половина реализирана жетва, МЗШВ нема воспоставено систем на организиран откуп на пченицата, за што има законска обврска.

Ги повикуваме Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарен инспекторат, Биро за метрологија да излезат веднаш на терен.

МЗШВ треба да одговори дали е изготвена динамика на откуп на дневна основа и дали е познат бројот на откупувачи кои ги исполнуваат условите за откуп на пченицата?

Прашуваме зошто ДИЗ дозволува да нема истакнато цена на откупните места, а со тоа директно дозволува да се манипулира со трудот на македонскиот земјоделец. Димковски, Николовски и Заев ги имаат оставено земјоделците на милост и немилост. Откупната цена ќе биде очајно ниска и под секоја производствена логика.

Во услови кога државата со оптимално производство може да ги покрие сопствените потреби сме доведени во состојба од година во година да ги намалуваме површините под лебно жито.

Оваа година површините со пченица во Пелагонија се намалени за 40% во споредна со минатата година. Доколку вака продолжи овој тренд се доведува во опасност производството воопшто. Заев не само што нема план како да го унапреди земјоделието, напротив го уназадува веќе трета година по ред.

Зоран Заев е брука за Македонија и за македонскиот земјоделец. Зоран Заев со цела влада треба веднаш и сега да си замине.

Треба да знаете
Последни објави