Skip to main content
Македонија

Tажна вест: Исчезнатиот стружанец пронајден мртов

23/10/2024  21:35

Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, портпаролот на СВР Охрид.

Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево.

Тој собирал шумски плодови и не се вратил во својата викенд куќа, а не можело да се воспостави ниту телефонска комуникација.

По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население.