Skip to main content
Македонија

Судот го одобри обвинението за возачот што ја усмрти Фросина Кулакова

25/04/2025  11:14

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот Васил Јованов за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, поврзано со сообраќајната несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје од јануари годинава во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Обвинението е одобрено од страна на судот, со што е формиран кривичен предмет К.бр. 780/25. Предметот ќе биде распределен на понатамошно судење преку АКМИС-системот.

Од судот информираат дека странките и јавноста ќе бидат дополнително известени кога ќе биде насрочен термин за главна расправа.

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје на крајот на март годинава поднесе обвинение против Васил Јованов. Како што рекоа од Обвинителството, Јованов се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик