
Три лица се пренесени во болница по сообраќајната несреќа што се случи утринава кај Белви. Според првичните информации, во судирот учествувале три автомобили и автобус.
На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која им укажала помош на повредените пред да ги пренесе во болница.
Едно од возилата по ударот се свртлое и удрило во заштитната ограда, а на коловозот останале расфрлани делови од возилата.
Засега нема информации за тежината на повредите, ниту за причините за несреќата. Дополнителни детали се очекуваат од МВР по увидот.


