Skip to main content
Македонија

Студентите бараат ручек по пратенички цени – Бленди Ходаи вечерва во „Ноќно студио“ на 4ТВ

26/11/2026  16:55

Што може да руча еден студент со 140 денари? Дали субвенционираниот студентски оброк е доволен во услови на високи цени на храната и зошто студентите бараат да имаат пристап до оброци по цени какви што плаќаат пратениците во Собранието?

Во фокусот на разговорот ќе бидат студентскиот стандард, трошоците за живот, достапноста на квалитетна храна, условите во студентските домови и односот на институциите кон потребите на младите.

Дали државата обезбедува доволна финансиска поддршка за студентите? Колку пари му се потребни на еден студент за пристоен живот? Зошто студентите бараат ручек по пратенички цени и какви решенија очекуваат од надлежните институции?

Дали студентскиот стандард е вистински приоритет на државата или останува само на ниво на ветувања?

За овие и за многу други прашања, вечерва со Бленди Ходаи во „Ноќно студио“.

Гледајте нè вечерва во 20:00 часот, во живо на 4ТВ – www.4tv.mk.