
На 25.11.2026 околу 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Цветан Димов“ со бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот В.А. од с.Танушевци, скопско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


