
Во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска беа студенти на Правниот факултет “Јустинијан Први”, од студиската група – Односи со јавност, предводени од раководителот на Катедрата, професорката Јасна Бачовска – Недиќ.
Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески ги запозна студентите до плановите за зголемување на транспарентноста и за јакнење на довербата во Јавното обвинителство.
Тој преку лични искуства им зборуваше за градењето на позитивната перцепција кон институцијата и за одговорноста на јавните функционери пред јавноста.
За влијанието на односите со јавноста врз довербата на јавните институции студентите разговараа и со раководителката на Одделението за односи со јавноста во Јавното обвинителство Билјана Арсовска.


