Skip to main content
Хроника

Кај 86-годишник откриени куршуми на излез од државата на скопскиот аеродром

02/06/2026  17:05

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К.(86) од Косово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 12.05.2026 на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, при извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 6,35 мм.