Skip to main content
Економија

ССМ излегува протести на 2 и 7 април ако нема зголемување на минималната плата

10/03/2025  19:22

Ако не најдеме заеднички јазик со Владата за раст на минималецот и за обврските од Колективниот договор за јавниот сектор, големи се шансите да се повтори ланското сценарио и на 2 и 7 април работниците да излезат на улица. Ова денеска го најави првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, кој на прес-конференција ги осуди политичките нападите врз ССМ посочувајќи дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.

„Очекувавме Владата да има разбирање за покачувањето на платите, но наместо тоа добивме ниски удари и напади од политички структури. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координирал со опозициски партии е смешно и трагично“,вели Трендафилов.

Порача дека ССМ преку поддршка од европската и меѓународната конфедерација на синдикати ќе се бори за своите права.

„Нема да дозволиме на никого да го напаѓаат ССМ и да работат со политички наредби во синдикалните организации на ССМ“, рече тој.