Skip to main content
Македонија

Спроведени во суд петмина осомничени за убиството во Штип – убиецот е 21-годишен Турчин

09/05/2025  23:37

Петмина осомничени за синоќешното убиство во кафе-бар во Штип се спроведени во Основниот суд, откако 25-годишен државјанин на Турција им подлегна на повредите во болница.

Според информациите, убиството го извршил 21-годишен државјанин на Турција, кој по нападот веднаш избегал од местото на настанот со возило „БМВ“, заедно со уште четири лица.

Полицијата организирала координирана акција за нивно запирање, при што поставила неколку блокади на патот кон Скопје и користела дронови за следење. На патарината кај Миладиновци, возилото ја пробило полициската блокада и продолжило со голема брзина, но полицијата набргу успеала да го запре.

Пиштолот со кој било извршено убиството е пронајден, а Обвинителството информира дека е извршен комплетен увид на местото на настанот. Обезбедени се чаури и други докази кои ќе бидат предмет на натамошни вештачења. Телото на жртвата е предадено на обдукција.

Истрагата продолжува.

Видео на следниот ЛИНК