Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кризи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен.
Конкретно преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера во 14.12 часот, била добиена пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, од локација над с.Лавчани, поточно на местото ,,Два Камења”, во Општина Кичево, по што координирата акција почнала.
Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и неможноста за пристап за моторно возило, повреденото лице било превземено и пренесено од локалното население со коњ до селото Лавчани, каде што Итна медицинска помош и ПС Кичево го превземале повреденото лице и потоа го пренеле до специјализираната болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо” во Охрид.