
МВР соопшти дека, вчера, во 9.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р. С. (55) од село Гајре, кој на местото наречено Мала Зецка, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожарот се проширил и зафатил поголема површина.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во шумското стопанство пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.


