
„Ер Србија“ во претстојната зимска сезона неделно ќе реализира 14 лета на релација Белград – Скопје, со што ги зголемува услугите кон македонскиот главен град – објави специјализираниот портал „Ексју-авијација“.
– Авиокомпанијата минатата недела закажа 14 лета неделно меѓу двата главни града од 25 октомври, што резултира со двојна дневна услуга. Ревидираниот распоред претставува зголемување од првично планираните единаесет неделни ротации, како и од десетте неделни услуги што се вршеа во текот на претходната зимска сезона – пишува „Ексју-авијација“.
Сите летови се планирани да се одржуваат со турбопропелерскиот авион ATR72-600.

