Skip to main content
Македонија

Спасовски: 24-ти декември е потсетник на насилничкото лице на ВМРО-ДПМНЕ

24/12/2024  09:07

Пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски во статус на Фејсбук потсети на настаните од 24-ти декември, кога пратеници и новинари беа брутално исфрлени од Собранието. Спасовски нагласи дека овој датум останува траен симбол на антидемократското однесување на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека таквите настани не смеат да се заборават и никогаш да се повторат.

„Демократијата и слободата на изразување мора да бидат неприкосновени,“ порача Спасовски.