![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/12/470223979_1138366714326933_7967176907981111190_n-1024x819.jpg)
Пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски во статус на Фејсбук потсети на настаните од 24-ти декември, кога пратеници и новинари беа брутално исфрлени од Собранието. Спасовски нагласи дека овој датум останува траен симбол на антидемократското однесување на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека таквите настани не смеат да се заборават и никогаш да се повторат.
„Демократијата и слободата на изразување мора да бидат неприкосновени,“ порача Спасовски.