Skip to main content
Македонија

Сопругата на починатиот возач на Брзата помош: Мајка ми и татко ми ги погребав пред пет години, а сега мојот Илчо е третиот човек што почина

20/03/2025  14:41

Сопругата на починатиот возач на Брза помош, Илче Гочевски кој несебично повеќе од 20 часа ги превезуваше повредените во трагичниот пожар во Кочани открива детали за тоа што се случило кобниот ден, но и околу целата ситуација со дискотеката. Како што пренесува српско „Ало“ сега веќе починатиот Илче ѝ раскажал на сопругата Анета за трагичните случувања.

Гочевска исто така објаснила дека имала контакт со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој веќе поднесе оставка.

-Кога почина мојот сопруг, кај нас дојде градоначалникот. Бев во таков шок, не можев да зборувам. Тој го зеде телефонот и им се јави на родителите на Илче во Делчево, каде што живеат, дека тој починал, кажала меѓу другото сопругата.

-Мајка ми и татко ми ги погребав пред пет години, а сега мојот Илчо е третиот човек што почина и кого требаше да го испратам на вечното патување. Имав искрен брак со мојот сопруг, се сакавме. Живеевме како во рајот. Не се сеќавам на ниту еден лош момент со него, вели Анета.

Првиот човек во македонското здравство, Арбен Таравари најави дека Гочевски ќе биде постхумно одликуван. На новинарско прашање дали е точно дека возачот кој што почина од мозочен удар, возел 32 часа на денот на трагедијата, Таравари информира дека во вонредна состојба сите работеле повеќе од 20 часа и дека нема точно информација колку часови работел. Сепак, вели дека е неспорно тоа што го направил за пациентите и завршил огромна работа околу превозот.

-Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам, изјави Таравари.