Skip to main content
Култура

Со премиера на „Грофот од Монте Кристо” се отвора месецот на Франкофонијата 2025

07/03/2025  08:28

По повод отворањето на месецот на Франкофонијата 2025, во организација на Францускиот институт во Скопје, вечер во киното „Синеплекс“ ќе се одржи гала филмска вечер и премиера на филмот „Грофот од Монте Кристо” (2024).

Како што е најавено, настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер. По премиерата, филмот од 8 март ќе се прикажува на редовниот репертоар во „Синеплекс“.

„Грофот од Монте Кристо“ е во режија на Матјe Делапорт и Александар де Ла Пателиер, со главните улоги на Пјер Нинe, Бастиен Бујон и Анаис Демустје во главните улоги. Филмот првпат беше прикажан на минатогодишното издание на Канскиот фестивал, надвор од конкуренција, а има повеќе од 10 милиони продадени билети во Франција во 2024 година.

Програмата за март како месец на Франкофонијата е подготвена од Францускиот институт во Скопје во соработка со амбасадите на земји членки на Франкофонијата, со УКИМ и Филолошкиот факултет. Во соработка со Собранието на РСМ по трет пат ќе се одржи Младиот франкофонски парламент, а меѓу предвидените содржини е и Изложбата на француската колекција во Музејот на современа уметност.