![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/policija-960x625_0_0_1.jpg)
Поради нерасчистени должничко – доверителски односи, околу 01.30 часот на 08.02.2025 со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на М.Б.(51) од Скопје, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите.
Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица, а по преземени мерки во 15.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј., по што бил извршен претрес во неговиот дом, од каде бил подигнат доказен материјал“, велат од полицијата.
По консултација со јавен обвинител, против Т.Ј. е поднесена кривичната пријава, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.