Skip to main content
Хроника

Скопјанец дал 23 илјади евра мито ама внукот останал невработен

24/04/2025  13:59

На 23.04.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, 65-годишен маж од скопско пријавил дека во периодот од мај 2024 до септември 2024 година бил измамен од лицето Ф.„Н“ за сума од 23.000 евра.

Според пријавеното, тој му ги дал парите во неколку наврати за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Се преземат мерки за расчистување на случајот.