Search

Скопјанец доживеа голгота кај „Веро Џамбо“

Скопјанец доживеа голгота кај „Веро Џамбо“

На 09.02.2018 година во 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, З.О. (21) од с.Батинци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 18.50 часот пет непознати лица (три машки и две женски) физички го нападнале и му извршиле разбојништво.

Додека се возел во автобус бр.70 на Јавното сообраќајно претпријатие, на автобуската постојка кај „Веро Џамбо“ во автобусот се качиле лицата кои зборувале на висок тон.

Тој побарал од нив да престанат и во тој момент едно од лицата од позади грб го удрил со тупаница, а потоа и другите лица физички го нападнале удирајќи го со тупаници.

Возачот ги отворил вратите, по што лицата излегле и го земале куферот на З.О. Тој, исто така, избегал кон Меѓуградската автобуска станица.

На семафорите пред Железничка станица едно од лицата го фатил за рака и му го одзел рачниот часовник, а друго од лицата со тупаница го удрил во пределот на градите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно рачистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави