Skip to main content
Живот

Сите ставаат паричка во погачата, но не знаат дека уште една работа е многу важна

06/01/2025  11:28

Божикната погача секоја година го собира целото семејство околу масата. Тоа е колач што се меси на Бадник или Божиќ наутро, а се јаде со појадок на 7 јануари кога се собира целото домаќинство.

Според традицијата, во погачата се става паричка, а се верува дека тој што ќе ја пронајде ќе му донесе пари и среќа во текот на целата година.

Освен монета, во погачата се става и бадниково гранче, а кој ќе го пронајде се верува дека ќе му донесе плодност и добро здравје. Во некои краеви во погачата се додава и пченка (за свињи), грав (за овци) и овес (за коњи). Оние кои имаат кокошки и друга живина ставаат зрна пченица.

Оној којшто ќе ги пронајде паричката и бадниковото гранче треба да ги чува на посебно место, додека пченицата, овесот, гравот и пченката им се дава на животните за кои се ставени во бадниковата погача.