
Вториот светски тенисер Јаник Синер го победи Австралиецот Алекс де Минаур во полуфиналето на Завршниот АТП турнир во Торино.
Мечот траеше 1 час и 53 минути и заврши со резултат 2-0, по сетови 7:5 и 6:2.
Синер сервираше седум аса, не направи двојни грешки и реализираше три од 13 брејк топки. Де Минаур сервираше осум аса, направи две двојни грешки и не материјализираше ниту една од четирите шанси за брејк.
Во финалето, 24-годишниот Италијанец ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Карлос Алкараз (Шпанија) и Феликс Оже-Алијасим (Канада).

