Skip to main content
Македонија

Сиљановска-Давкова не гледа потреба од предвремени парламентарни избори дури и Таравари да излезе од коалицијата

05/05/2025  15:18

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова како што истакна денес смета дека нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори доколку пратениците од крилото на Алијанса за Албанците што го поддржуваат Арбен Таравари излезат од владејачката коалиција.

MK Summit

Говорејќи како професор, таа посочи дека дека предвремени избори се потребни во услови на парализирани институциите, кога истите не можат да функционираат или кога владејачкото мнозинството е на границата на потребните 61.

– Да, има проблеми но институциите се справуваат со нив. Ќе има редовни локални избори кои го отсликуваат расположението на граѓаните. Понекогаш се лакмус за тестирање и на успешноста на власта, но апсолутно нема потреба од парламентарни избори, рече таа одговорајќи на прашање на медиумите.

Сиљановска – Давкова уште посочи дека истите оние кои сега повикуваат на предвремени избори беа најголемите противници на предвремени избори кога навистина имаше причина за тоа.