Skip to main content
Свет

Си Џинпинг повика на отворање на Ормускиот теснец за сообраќај

20/04/2026  20:00

Претседателот на Кина Си Џинпинг апелираше да се отвори за сообраќај Ормускиот теснец, во телефонски разговори со саудискиот претстолонаследник принцот Мохамед Бин Салмон.

Си порача дека Пекинг го поддржува итниот и сеопфатен прекин на огнот и напорите за воспосатвување мир на Блискиот Исток, објави АП.

Принцот Мохамед наведе дека Саудиска Арабија е посветена на решавањето на судирот преку дијалог и изрази надеж дека ескалацијат ана судирите ќе биде избегната.

Инаку, претходно пртетседателот на САД ѝ се закани на кина, која е еден од главните трговски партнери на САД, со царински мерки од 50 отсто на нејзините стои доколку Пекин му пружи помош на Иран во војната на Блискиот Исток.