Search

Шакира не платила десетици милиони евра данок во Шпанија

Шакира не платила десетици милиони евра данок во Шпанија

Шпанските даночни служби побараа колумбиската пејачка Шакира да биде подложена на гонење поради неплатени даноци во периодот 2011 – 2014 година, пренесе Франс прес цитирајќи го „Вангуардија“.

Даночните власти тврдат дека како државјанин на Шпанија, Шакира мора да прогласи голем дел од своите приходи низ целиот свет за време на периодот за кој станува збор.

Судските власти мора да одлучат дали пејачката треба да биде посложена на судско гонење или не. Ако биде прогласена за виновна, таа може да биде осудена на две години затвор.

Според „Вангуардија“, кој цитира извори блиски до аферата, не е платен данок за неколку десетици милиони евра.

„Се работи за различни критериуми, а не даночни измами“, изјавија извори од околината на Шакира за новинарите, мислејќи на „техничко прашање“ кое пејачката била подготвена да го реши.

 

Треба да знаете
Последни објави